Добродојдовте на официјалната веб страна на Општина Конче
Почитувани граѓани,
Со цел на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот,Советот на општината, администрацијата како и актуелни случувања и настани извршивме надолнување на нашата web страна.Искрено се надеваме на ваши забелешки, коментари и сугестии кои ќе бидат насоки за понатамошно подобрување на нашата веб страна.Вашите забелешки доставети ги на contact@konce.gov.mk
Порака од Градоначалникот,
Ако некогаш населените места во нашата општина целосно беа запоставени и маргинализирани денес состојбата е значително подобрена и нашата општина е во подобрите рурални општини.
Во инфраструктурата, локално-економскиот развој, културно-забавниот живот и др. се реализираа голем број на проекти од кои позначајните Ви се презентирани на овој веб-сајт.
Во рамките на програмата за одбележување на 12-јули празник на општина Конче и тринаесет годишнината од прогласување на 12 јули за празник на Општината, пред присутните гости беше промовирана и песната со видео спот за општина Конче од комплетниот автор Јордан Митев од Подареш.Ви посакуваме пријатно уживање....
Програма “Форуми на Заедниците“
Општина Конче и Општина Радовиш успешно ја реализираа програмата “Форуми вo Заедниците“
25.03.2010год.
Општина Конче, заедно со општина Радовиш, кои беа вклучени во програмата “Форуми на зедниците“. чија цел беше да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво, преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии, успешно го заврши форумскиот процес и во тек е спроведување на проектот „Набавка на специјални возила за комунални потреби на општина Радовиш и Конче„ За овој проект граѓаните дадоа наголема подршка и приоритет во однос на другите изгласани проекти. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС.