1.ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА
2001 година Изградба на улица во Лубница во должина од 500 метри финансирано од агенција за неразвиени подрачја;
2002 година-надградба со нов асфалт од раскрсницата лакавица (на регионалниот пат радовиш- д. липовиќ- габравци- конче) спрема Конче во должина од 2200 метри на регионалниот пат р-606, финансирано од Фонд за магистрални и регионални патишта;
2002 година - реконструкција со проширување, асфалтирање и изградба на потпорни зидови на централната улица во с. дедино со должина од 500 метри , финансирано од Фонд за магистрални и регионални патишта;
2002 година - Изградба на пристапен пат до Манастир св. Илија реализирано преку програма за локални патишта и улици на општина конче;
2003 година – Изградба на нова улица (спојување на с.ракитец со локалниот пат раскрсница лакавица- с. д. липовиќ ) во должина од 250 метри, реализирано преку програма за патишта и улици на општина Конче;
2003/04 година-пробивање и тампонирање на улица ( длабок пат) во с. ракитец во должина од 300 метри финансирано од кФв Банка и програма за патишта и улици на општина конче; санирање и асфалтирање на дупки на улици и локални патишта во општина конче;
2004 година Изградба и асфалтирање на 2 улици во конче во должина од 450 метри и 200 метри, реализирано преку програма за локални патишта и улици на општина конче;
2004/05 година- Изградба и асфалтирање на локален пат габревци - д. враштица покрај езерото Мантово во должина од 6,5 км со вкупна вредност над 600.000 еур, донатор: еу- кардс -2003/04;
2005 година - порамнување и санирање на земјен пат лубница- скоруша - загорци- гарван (л=15км), реализирано преку програма за локални патишта и улици на општина конче;
2005 година - порамнување и санирање на земјен пат габревци -долни радеш (л=3км), реализирано преку програма за локални патишта и улици на општина конче;
2005 година -порамнување и санирање на земјен пат ракитец- негреновци (л=3км); г. липовиќ: улици, полски патишта; дедино: полски патишта (л=над 10км), реализирано преку програма за локални патишта и улицина општина конче;
2005 година - Изградба на улица спрема училиштето u1074 во с. габревци во должина од 50 метри, реализирано преку програма за локални патишта и улици на општина конче;
2005 година- Изградба и асфалтирање на улици во: с. дедино 2 улици во должина од 160 метри и 100 метри, с. долни липовиќ 2 улици во должина од 140 метри и 100 метри, донатор - светска Банка, проект за развој на општините; зимско одржување на регоиналните и локалните патишта во сите населени места со сопствени средства и со помош на јп ,, Македонија пат,, подружница Штип.
2. ВОДОВОДНА ИНФРАСТРУКТУРА И ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА
2000 година- санација на зафат на сенечка река поставување на филтер на таложникот, поставување на филтер пред резервоарот, и санација на резервоарот во с.д.липовиќ, донатор: Хуманитарна организација ,,солидарите,, Франција;
2000 година- Изградба на доводен цевовод во должина од 3км. во с. долни радеш , донатор:Биро за неразвиени подрачја;
2000/01 година -Изграден доводен и потисен цевовод, резервоар и селска мрежа во с.скоруша во должина од 2,5 км. донатор:Министраство за транспорт и врски и елс конче
2002 година -Изградена фекална каналицација во конче во должина од 4 км со сопствено учество на граѓаните од конче и подршка од Биро за неразвиени подрачја;
2002 година- Изградба на резервоар за вода за пиење од 120 м3 со доводен и потисен цевовод на водовод во конче, донатор: агенција за неразвиени подрачја;
2002 година - Изградена дел од фекална канализација во с. дедино во должина од 700 м. Финансирано од Министерство за транспорт и врски;
2003 година - Изградба на нов потисен цевовод во с. долни липовиќ со должина од 1250 метри , финансирано од Министерство за транспорт и врски;
2003 година - Изградба на фекална канализација во с. д. липовиќ. донатор: кФв Банка програмата за социјална инфраструктура;
2003/04 година - Изградба на фекална канализација во с. ракитец. донатор: кФв Банка програмата за социјална инфраструктура; Изградба на два пропуста со дел регулација од зидан камен пред Џамијата во конче;
2004 година - Изградба на резервоар за вода со волумен од 50 м3, собирен резервоар, доводен цевовод од 3 км. на водовод во с. Горни Липовиќ, финансирано од Министерство за локална самоуправа (средства од продажба на Македонски телеком);
2005 година – доводен и потисен цевовод со доградба на резервоар во Конче со волумен од 120 м3 , финансиран од Министерство за транспорти врски;
Изградба на нов резервоар и потисен цевовод на водовод во с.гарван, донатор Министерство за транспорт и врски.
Зафат на нови извори на водовод во с.Лубница во должина над 5 км;
Зафат на нови извори на водовод во Конче u1074 во должина од 1 км;
Зафат на нови извори на водовод во с.Дедино во должина од 600 метри;
3.КУЛТУРА, СПОРТ и ТУРИЗАМ
1997 12 јули (петровден) е востановен како празник на општина конче и по тој повод се доделуваат награди, признанија и благодарници. од 1999 година започна организирање на турнир во мал фудбал под рефлектори и традиционално се организира секоја година, и трае 20 дена проследен со спорт, културни манифестации и забава кој премина во Меѓународентурнир каде почнаа да земат учество екипи од соседните земји;
2001 година- Изградба на споменик во с. Долни Липовиќ, реализирано преку програма за локални патишта и улици од општина Конче;
Поддршка на фудбалскиот клуб ,,Серта,,- Конче за учество во трета лига;
Поддршка на женскиот фудбалски клуб ,, Спортски Допири,, кои учествуваат на најразлични турнири;
Поддршка на отворени забавни фудбалски школи за деца до 12 години кој започна да се одржува од 2004 година;
Поддршка на ФА ,,Цветови,,- дедино кои учествуваа во повеќе земји и тоа во Франција, Грција , Турција, Унгарија и на други места;
Поддршка на КУД ,, Караџаоглан,,- конче кои учествуваа во Турција, Романија, Бугарија и Косово;
поддршка на куд ,, Македонски глас,,- Габревци за учество на фестивали во р. Македонија;
Поддршка за изградба на конак во манастирскиот комплекс св.стефан изграден 1366 година во конче кој нуди извонредни можности за развој и на црковно-културниот туризам;
Во општина Конче постојат две помали вештачки акумулации- конче 1 и конче 3 и општинскиот бисер езерото ,,Мантово,, која зафаќа површина од 356 хектари или 50 милиони метри кубни. со изграбда на новиот локален пат габревци –долна враштица и изработка на урбанистички планови за викенд туристички зони за населбите долни радеш и долна враштица покрај езерото Мантово се нудат идеални услови за развој на туризмот во општината.
4.ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
2000 година- пошумување на 13000 садници од багрем, даб, чемпрес и други, донација од Министерство за животна средина, континурано спроведување секоја година на акција за пошумување ,,Младите за здрава животна средина,“
2003/04 година-пошумување на површина од 30 хектари над населените места: Конче, Лубница и Конечка планина со 90.000 садници од Багрем, Бор (црн и бел), јавор и др. донатор:КФГ Банка - програма социјална инфраструктура;
5. РАЗВИВАЊЕ НА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА КОНЧЕ
2001/02 година- обука на 70 невработени лица во конфекција во Конче;
2002/03 година - проект за самопомош на заедницата од УСАИД е обезбедена донација за дел од опрема за отварање на мини-млекара во Конче;
2003 година- времено вработување на 70 невработени лица за период од 4 месеци за изградба на фекална канализација. донатор: КФБ Банка програмата за социјална инфраструктура;
2003/04 година-времено вработување на 60 невработени лица за период од 3 месеци за изградба на фекална канализација во с. ракитец, донатор: КФБ Банка програмата за социјална инфраструктура;
2003/04 година времено вработување на 80 невработени лица за период од три месеци за пошумување на 90.000 садници на површина од 30 хектари, донатор КФБ Банка, програма за социјална инфраструктура;
2004 година- Изградба (регулација) на река со зидан камен покрај Манастирот св. стефан (1366 год.) во конче со времено вработување на 30 лица, донатор кФв Банка програма за социјална инфраструктура;
2005/06 година- обука на 30 невработени лица во конфекција во конче, донација од ундп;
преку локалните инвестиции имаме остварено повеќе времени вработувања со ангажирање на локалното население (околу 100повремени вработувања).
7. УРБАНИЗАМ
Изработка на урбанистички планови за викенд туристички зони за населбата долна враштица покрај езерото Мантово; реконструкција на повеќе објекти;
2000 година Изработен генерален урбанистички план за конче на површина од 23 Ха и детален урбанистички план за Конче;
Изработка на детален урбанистички план за конче на површина над 30 Ха со индустриска зона, простор за домување, развој на малото стопанство, јавни функции и друго;
Изработени општи акти за населено место Лубница;
Изработени општи акти за населено место Дедино;
Изработени општи акти за населено место Ракитец;
Изработени општи акти за населено место Габревци;
Изработени општи акти за населено место Д. Липовиќ;
со општите акти на населените места дадено е можност да се градат објекти надвор од населените места.
8. СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ НА ОПШТИНАТА
2000 година- стопански развој на општините Радовиш, Конче и Подареш, финансирано од светска Банка, агенција за приватизација;
9. ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА
поставени се над 10 трансформатори и повеќе километри нова електрична мрежа;
10. МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
Општина Конче има воспоставено меѓугранична соработка со општините Кресна
и Јакоруда од р. Бугарија.
Општина Конче е збратимена со општина Mihail Kogalniceanu од Романија. |