Насловна Контакт Мапа на сајтот English
ОПШТИНСКИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ
АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ТЕКОТ НА 2006 ГОДИНА

1. Патна инфраструктура
Лубница: изградба и асфалтирање на 4 (четири) помали улички од кои две по 40 метри, една од 50 метри и една поголема од 160 метри, или вкупно 290 метри должина.

Конче: изградба и асфалтирање на 5 (пет) улици со должина: една од 120 метри, друга од 110 метри,
трета од 100 метри и две улици од по 80 метри, или вкупно 490 метри.

Ракитец: изградба и асфалтирање на улица од 300 метри, со што е реализирано поврзување на двата
дела од селото.

Дедино: изградба и асфалтирање на улица од 220 метри.

Габревци: поплочување на улицата во правец на црквата од 450 квадратни метри. Асфалтерските активности како и зимското одржување на регоиналните и локалните патишта во сите населени места ги извршува општината со сопствени средства и со помош на ЈП “Македонија пат“ Подружница Штип.

Мантово-Долна Враштица: • изградба и асфалтирање на дел од локален пат (340 метри) Мантово-Долна Враштица. Донатор на проектот е Бирото за неразвиени подрачја.

Конче-Радовиш: надградба на дел од патот (П606) со нов асфалт во должина од 450 метри, отворање на непрегледни кривини и проширување со асфалтирање на П606.

2.Водоводна инфраструктура, фекална канализација

Дедино: реконструкција на Водоводот т.е. замена на дел од цевководот во должина од близу 1 000 метри со притисок од 32 бари. Донатор на овој проект е Министерство за транспорт и врски.

Конче: Изградба, регулација и уредување со ѕидање (со камен) на реката покрај џамијата во Конче.
Донатор: Фонд за води и Турската агенција за развој и соработка “ТИКА“.

Горни Липковиќ: изградба на селска мрежа на водоводот.

Општина Конче: изградба на комунална локална инфраструктура во партнерство со Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување преку проектот за Јавни работи во функција на времено вработување и изградба на комунална инфраструктура.

3. Култура, спорт и туризам

Од 1997 година, 12 јули (Петровден) е востановен како празник на општина Конче и по тој повод се доделуваат награди, признанија и благодарници. Од 1999 година започна организирање на турнир во мал фудбал под рефлектори и традиционално се организира секоја година, и трае 20 дена проследен со спорт, културни манифестации и забава кој премина во Меѓународен турнир каде почнаа да земат учество екипи од соседните земји;

Поддршка на Отворени забавни фудбалски школи за деца до 12 години кој започна да се одржува од 2004 година;

Поддршка на ФА “Цветови“ - Дедино кои учествуваа во повеќе земји и тоа во Франција, Грција, Турција, Унгарија и на други места;

Поддршка на КУД “Македонски глас“ - Габревци за учество на фестивали во Р. Македонија;

Апликација за изнаоѓање на финансиски средства за довршување на конакот во манастирскиот комплекс Св.Стефан изграден 1366 година во Конче кој нуди извонредни можности за развој и на црковно-културниот туризам

Во општина Конче постојат две помали вештачки акумулации - Конче 1 и Конче 3 и општинскиот бисер
езерото “Мантово“ која зафаќа површина од 356 хектари или 50 милиони метри кубни. Со изграбда на новиот Локален пат Габревци – Долна Враштица и изработка на Урбанистички планови за викенд туристички зони за населбите Долни Радеш и Долна Враштица покрај езерото Мантово се нудат идеални услови за развој на туризмот во општината.

4. Заштита на животната средина

Континурано спроведување секоја година на акција за пошумување “Младите за здрава животна средина“

5. Развивање на локален економски развој и подобрување на вработувањето во општина Конче

Отворени се 16 нови фирми речиси од сите дејности (што претставува 15% зголемување на бројот на фирмите во општината), преку проектот за самовработување поддржан од УНДП и Владата на Република Македонија.

Преку проектот за јавни работи и поддршка на локалната инфраструктура вработени се 50 нови лица. Оваа програма се изведуваше помеѓу Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за вработување иОпштина Конче за невработени лица кои чекаат вработување повеќе од 5 години.

Ангажирани се 12 лица за изградба на комуналната локална инфраструктура преку проектот за Јавни работи во функција на времено вработување во партнерство со Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување.

Отворени се 16 нови фирми речиси од сите дејности (што претставува 15% зголемување на бројот на фирмите во општината), преку проектот за самовработување поддржан од УНДП и Владата на Република Македонија.

Преку проектот за јавни работи и поддршка на локалната инфраструктура вработени се 50 нови лица. Оваа програма се изведуваше помеѓу Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за вработување и Општина Конче за невработени лица кои чекаат вработување повеќе од 5 години.

Ангажирани се 12 лица за изградба на комуналната локална инфраструктура преку проектот за Јавни работи во функција на времено вработување во партнерство со Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување.

6. Меѓугранична соработка
Општина Конче има воспоставено меѓугранична соработка со општините Кресна и Јакоруда од Р. Бугарија.

Општина Конче е збратимена со општина Михаил Караџаоглан од Романија.

 

 

 

 

Copyright 2008© Општина Конче, сите права се задржани