Насловна Контакт Мапа на сајтот English

АДМИНИСТРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Врз  основа на член 57 став 4 од Законот  за локална самоуправа ('Службен весник на РМ” број 5/2002), а во врска со член 3 од Уредбата за начелата за внатрешната организација на oрганите на државната урава („Службен весник на РМ” бр.105/07), и Одлуката на Советот на општина Конче донесена на 17.03.2010 година:

Општинската администрација на општина Конче се организира во следните сектори одделенија:

  1. Одделението за правни и општи работи;
  2. Одделението за финансиски прашања
  3. Одделение за урбанизам, комунални работи, животната средина и  локален економски развој,
  4. Одделение за инспекциски работи;
  5. Одделение за управување со човечки ресурси;

Одделението за правни и општи работи ги врши следните работи:
 - изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот;
- дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
- архивско работење и административно технички работи;

 - врши стручни и организациски работи за функционирање на Советот и  на неговите тела, како и на Градоначалникот.
- ги информира корисниците на услугите за полесно остврување на нивните права;
- работи од канцелариското работење кое опфаќа прием, отварање, евиденција и испраЌање на актите на органите на општинта;
- дактилографски работи;
- работи за возниот парк и други технички работи (одржување на хигиена и достава на пошта);
- ги координира работите помеѓу локалната самоупрва и примарното здравство, образованието, културата, социјалната заштита и другите  јавни  дејности предвидени со Законот за локална самоупрва.

Одделението за финансиски  прашања ги врши следните работи:
- следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и
материјално - финансиското работење;
- управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот;
- подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот;
- подготовка на стратешкиот план на субјект;
- измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
- контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;
- спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрол;
- изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен,квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот;
- следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот;
- сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка;
- подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој ги подготвува одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09);
- благајничко работење;
- подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената
документација;
- пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот;
- примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;
- следењето и согледувањето на потребите од набавки во субјектот со органите и подрачните единици во негов состав;
- изготвувањето на годишен план за јавните набавки и негова реализација  
- и други работи од областа на финансиското управување и контрола.“

Одделението за урбанизам, заштита на животната средина и локален економски развој ги врши следните работи: урбанистичко (урбано и рурално) планирање;

  • издава извод од урбанистички план и решенија за локациски услови;
  • издава одобренија за градба на објекти од локално значење;
  • уредување на просторот и уредување на градежно земјиште;
  • донесување на мерки за заштита и спречување од загадување на животната средина и природата;
  • издава Б интегрирани еколошки дозволи;
  • издава лиценци и дозволи за превоз на патници;
  • цивилна заштита;
  • противпожарна заштита;
  • се грижи за јавното осветлување на подрачјето на општината;
  • ги следи состојбите со локалните патишта и улици, нивната изградба, реконструкција и одржување;
  •  се грижи за состојбата со јавното зеленило, дрворедите и јавните чешми и
    фонтани и комунална опрема поставена на улиците и на другите јавни
    површини.
  •    врши работи на локален економски развој;
  • остварува меѓународна и меѓугранична соработка;
  • остварува соработка со бизнис секторот, јавниот сектор  и  НВО сектор;
  • аплицира со пректи пред домашните и странските донатори;

Одделението за инспекциски работи ги врши следните работи:
-врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на комуналните работи;
-врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на патниот сообраЌај;
-врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на заштитата на животната средина;
-врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;
- врши инспекциски работи и контрола во образованието и спортот;
-врши инспекциски работи  и контрола во остварувањето на општинските даноци и такси и друг надзор од надлежност на општината;
  

-врши и други работи доверени од Советот и Градоначалникот

Одделението за управување со човечки ресурски ги врши следните работи:
         
-врши работи кои се однесуваат на следење и  примената на законите и другите прописи и општи акти;
-како и изготвување на акти  кој се однесуваат на правата, обврските и одговорностите на вработените;
-обезбедува координација  на управување  со процеси  и човечки ресурси -стручно усовршување , едукација , тренинг- обука на вработените во општинскта  администрација;
- се грижи за обезбедување оптимални услови за работа на вработените,
- го координира процесот на оценување на државните службенци,
- ги подготвува одликата за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувања на овие акти, изработува програма како составен дел од програмата за работа на органот врз основа на предлозите од вработените на одделението
- организира состаноци на мрежата на одделението за управување со човечки ресурси,
- остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на упрвата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог ѕа вработување без јавен оглас од еден во друг орган ,
-го следи развојот на органиѕационата култура во органот во функција на остварувањето на целите во органот правилно применување и спроведување на законите и сите позаконски акти од областа на човечките ресурси
- спроведување на политиката за управување со човечки ресурси во органот,
- организирање на состаноци на комисијата за водење на дисциплински постапки за утврдување на дисциплинска одговорност и комисијата за утврдување на материјална одговорност на државните службеници,
- континуирано следење на состојбата на човечките ресурси организирање на состаноци со раководителите на секторите и одделенијата за планирање на потребите за човечките ресурси на органот,
- советување и соработка со другите раководители на органот за прашања од областа на управување со човечки ресурси оценување на државни службеници ,
- изработка на извештај за оценување изработување предлози ѕа подобрување капацитетот на знаењето на државните службеници,
- за потребите на комисијата за јавни набавки изработува технички спецификации за избор на надворешен субјект(правни и физички лица),
- ги изработува основните елементи на документи за реализирање на меѓусебните права и обврски при стручно оспособување и усовршување на ДС во органот , ја следи примената на етичкиот кодекс на ДС,
- соработува со сметководството во одржување на базата на податоци за плати на ДС ги води личните досиеа на вработените,
- целосно го користи софтерот за човечки ресурси и ја одржува базата на податоци за државни службеници а воедно контактира со АДС,
- како и работи кои ќе му бидат доверени од Градоначалнокот на  општината.

           

 

           

 

 

 

Дали сте задоволни од услугите на Општината
ДА
НЕ
  

prasaj go gradonacalnikot

investiraj vo Konce

javni nabavki

sloboden pristap do informacii

Copyright 2010© Општина Конче, сите права се задржани