ЕЛЕКТРОНСКИ ДНЕВЕН БИЛТЕН
ПОЧИТУВАНИ,
Општина Конче во соработка со општина Штип во рамките на проектот со ГТЗ Редем, од месец септември ќе започне со реализација на проектот„ Електронски дневен билтен„ со цел подобро регионално поврзување на Општините од Југоисточниот и Источниот плански регион.
Основна цел на воведувањето на електоронскиот дневен билтен е зголемена комуникација со новинари , одржување на постојани контакти со медиумите и подобра информираноста на граѓаните за секојдневни настани од работата на Градоначалникот и Општината.
Секој заинтресиран граѓанин има можност да добива електронски дневен билтен на општина Конче секој ден по електронска (маил) пошта со тоа што:
- Ќе испрати меил од сопствената адреса на нашата адреса: opstina.konce@t-home.mk адресата ќе биде ставена во нашите контакт адреси и секодневно ќе Ви биде испраќано електронски дневен билтен.
- Својата маил адреса ќе ја достави директно во општина Конче.
- Ќе ја достави по некој од вработените во Општината или Градоначалникот.
Го очекуваме Вашиот интерес !!!!
Со почит,
Општина Конче
Градоначалник
Стојан Лазарев