Насловна Контакт Мапа на сајтот English
 
 

Изработен основен проект за дополнување на брана Мантово

     Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица како инвеститор, во текот на месец ноември 2010 година спроведе постапка за изработка на инвестиционо техничка документација основен проект  за тиролски зафат за зафаќање на дел од водите на река Плаваја и главен цевковод до брана Мантово.
Основниот проект за тиролски зафат за зафаќање на дел од водите на река Плаваја и главен цевковод до брана Мантово е веќе изработен а во постапка е и ревизија на основниот проект.
Основниот проект за тиролски зафат за зафаќање на дел од водите на река Плаваја и главен цевковод до брана Мантово е со  цел да се обезбедат 400 литри/сек  количина на вода  до кота на нормално ниво  во акумулацијата на браната Мантово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Направена  е проценка и избрано  е погодно место на тиролски зафат на река Плаваја  со кој  е обезбедено доволен притисок за гравитационо одведување на водите до брана Мантово.Основниот проект предвидува количина на протек од 600л/с. За изработка на проектот користени се хидролошки и катастерски подологи.Како хидролошка подлога користена е физибилити студија за хидро систем за водоснабдување и наводнување „Мантово-Плаваја„, средномесечни протекувања на река Плаваја добиени од страна на Републичката Управа за Хидрометеролошки работи на Македонија, средномесечните протекувања на река Крива Лакавица од хидролошка станица исталирана на самата река во близина на с.Габревци од 2000 година.

Тиролски зафат

Поради лошиот терен избран е најблискиот погоден локалитет за сместување на тиролскиот зафат иститот го сочинуваат следните објекти;

- Водозафат -зафатна градба со трапезна форма со попречен наклон на зафатниот канал од 18.5% Преливникот е со димензии во основа од 3,2*5.60м прикажан со сликата

- Затворачница- предвиден е е како армиран бетонски масивен објект каде продолжува каналот кон таложницата со предвиден челичен затворач со механизам го затвара каналот при надојдување на големи води.

Доводен канал- Каналот е отворен со должина од 10 метри,долж каналот проектирано е чекалиште кое се оформува со спуштање на дното н аканалот.

Таложница- со димнезии 1.60м до 6.40м во должина од 5.60м Продолжението на таложницата е со широчина 6.4м и должина 19.40м.Од десната страна на таложникот во зидот е формиран отвор за преливање на вишокот вода.Намената и е да врши отстранување на нанос од зафатената вода во нормални услови а во вонредни да обезбеди сигурност во услови на евакуирање на проектираните дотеци при при појава на 100 годишна вода.

Прекидна комора-за намалување на големите притисоци во нјиските делови на трасата на надморска височина од 604м .Составена е од влезна затворачница, мокра комора со преливник и сува комора каде што се сместени фасонските парчиња за регулирање.

Воздушни вентили- поставени се на највисоките точки на цевководот за испуштање на заробениот воздух од водата која се движи низ цевководот.Цевководот е со дијаметар од 800мм а воздушните вентили се со дијаметар од 150мм.

Испусни вентили- поставени се на најниските точки од цевководот со дијаметар од 225мм поставени странично со соодветни армирани бетонски шахти.

Линиски затврач-Поради големите притисоци кои се јавуваат во трасата предвидени се повеќе линиски затварачи на притисок од над 25 бара, сместени се истотака во бетонски шахти.

Траса на нивелента и цевководот-трасата започнува со тиролски зафат на надморска висина од 664 м.На стационажата предвидена е прекидна комора за намалување на притисокот.Цевководот се предвидува да биде изведен со цевки тип ХДПЕ ПЕ100 РЦ ОД во должина од 7146,52м ПН16-10946,9 ПН20 -396,60 и ПНА30 -м 10465,70м.Нивелетата е повлечена така да обезбеди правилно функционирање на системот.Поради предвидената акумулација да има кота на максимално ниво од 445 м трасата на цевководот е подигната и водена по изохипса со кота 450м со што се избеганти поголем број на воздушни и испусни вентили.Трасата на цевководот завршува во речно корито кое се влива во браната Мантово.

 

 

 

 

 

Актуелности

ОГЛАС за линиски превоз на патници

Службен гласник бр.12/13/14.2010

Буџет на ЕЛС Конче за 2011 год

Електронски дневен билтен

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright 2011© Општина Конче, сите права се задржани