
Се реализира набавката на техничката опрема за одржување на канализациона мрежа за општина Конче.
Во рамките на програмата„Форуми во заедницата"во која се вклучени општина Конче и Радовиш, Граѓаните на општините Радовиш и Конче, го избраа проектот „Техничка опрема за одржување на канализационата мрежа", Деновиве беше извршена испораката на техничката опрема за одржување на канализациона мрежа –Трактор и цистерна за општина Конче а во тек е и испораката на специлното возило за канализациона мрежа за општина Радовиш. Постапката за набавка на техничката опрема беше спроведена од заедничка тендерска комисја а набавката на опремата се реализираше со финансиски средства од општините Конче и Радовиш и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) Време на реализацијата на проектот е мај - ноември
2010. 



|