Насловна Контакт Мапа на сајтот English
 

sloboden pristap do informacii

ГРАДОНАЧАЛНИК

Почитувани граѓани и пријатели,

Ако некогаш населените места во нашата општина целосно беа запоставени и маргинализирани денес состојбата е значително подобрена и нашата општина е во подобрите рурални општини.

Во инфраструктурата, локално-економскиот развој, културно-забавниот живот и др. се реализираа голем број на проекти од кои позначајните Ви се презентирани на овој веб-сајт. Релизираните проекти и активности се претежно донации од странски донатори и државни фондови со минимално учество од сопствени приходи кои значително го подобрија квалитетот на живеење, меѓутоа потребно е да се реализираат уште многу проекти за да осетно ги почуствуваат сите граѓани на нашата општина. 

Исто така сакам да Ве информирам дека во целиот овој период и во овој момент нашата општина е финансиски стабилна со постојано позитивно салдо без никакви долгови и преземени обврски за идниот период.

Ги повикувам сите граѓани и пријатели на општина Конче заедно да продолжиме и понатаму да ја градиме општина Конче, да градиме повеќе улици, водоводи канализациони мрежи и др.

Ви благодарам за поддршката што ми ја дадовте да заедно со Вас, општинската администрација, Советот на општината, со сите сили и можности да работиме и да се залагаме општина Конче биде постојано и атрактивно место за живеење. 

Искрено Ваш,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Стојан Лазарев

Надлежности на Градоначалникот,

Согласно член 24 од Статутот на општина Конче, Градоначалникот ги врши следните надлежности

  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на работите кои м у се делигирани  од органот на државната управа;
  • Го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на општината;
  • Го извршува Буџетот на општината;
  • Решава во управни работи  за права, обрврски и интереси на правни и физички лица во согласност  со закон;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администација;
  • Одлучува за вработувањето, правата должностите и одговорностите на вработените во општинсакта администација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • Врши и други работи утврдени со Закон и со Статутот на општина Конче;

Лична биографија

Контакт:

Општина Конче, 2424 Конче

тел:032 630 325; e mail:gradonacalnik@konce.gov.mk

 

 

 

 

prasaj go gradonacalnikot

a

investiraj vo Konce

javni nabavki

Copyright 2010© Општина Конче, сите права се задржани