ИНФОРМАТОР
| Програма “Форуми на Заедниците“ |
Општина Конче и Општина Радовиш влегоа во програмата “Форуми на Заедниците“
25.08.2009год. |
 |
| Општина Конче, заедно со општина Радовиш влегоа во програмата за “Форуми на зедниците“. Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
egion3
|