ИНФОРМАТОР
Врз основа на член 39 точка 1 од Законот за локална самуправа на РМ (Службен Весник на РМ бр.5/2002) Претседателот на Советот на општина Конче донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 18-та седница на Советот на општина Конче.
Седницата ќе се одржи на ден 27. 04. 2010 год. (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Конче.
За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записниците од 16 и 17 седница на Советот на општина Конче,
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Советот на општина Конче бр.07-497/6 од 29,06,2009 година ;
- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за прв квартал на општина Конче за 2010г. ;
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за јавна чистота бр.07-729/6 од 19.11.2008 г.;
- Предлог-Програма за социјална заштита на населението во општина Kонче за 2010 година;
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на ЈП Лакавица за заштита на колекторот на канализација за фекални отпадни води, санација на подземна инфраструктура и речно корито во с. Дедино-општина Конче;
- Предлог-Одлука за категоризација на општински пат Дедино-Горни Липивиќ;
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на ЈП Лакавица за санација на дел од фекална канализација и прифаќање на отпадни води кои не се опфатени во системот за фекална канализација во Конче
- Предлог-Одлука за одобрување 200 литри нафта за пробивање на пат од Мантово до манастир „Св.Горги“ Горна Враштица;
-Разгледување на барања;
- Советнички прашања;
Број 07-410 /1 Совет на општина Конче
Дата 16.04.2010 Претседател
Конче Стојче Коцев