ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Р.Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш.
МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Основно занимање на населението во општината е производство на високо квалитетниот тутун од типот Јака со производство од над еден милион кг. тутун годишно што претставува 3-5% од вкупната количина во државата. Сточарството е втора гранка во општина Конче со производство од над петстотини илјади килограми јунешко и јагнешко месо. Благодарејќи на извонредните климатски и педелошки компаративни предности во општината постојат идеални услови и за развој на овоштарство.
Покрај тутунот, општината Конче како редок природен ареал со 100% еколошки чиста животна средина со големи ресурси и потенцијали за производство на здрава храна располага и со огромно шумско и водно богатство. За развој на дрвната индустрија, како и за пчеларството, и особено ловниот и риболовниот туризам, имајќи ги предвид езерата Мантово, Конче 1 и Конче 2 и богатството на дивеч во Конечка планина како едно од најбогатите ловишта во Р.Македонија.
Манастирскиот комплекс Св. Стефан изграден во 1366г. во с.Конче нуди и извонредни можности за развој и на црковно-културниот туризам, особено и со претстојната изградба на новите конаци.
Општина Конче, покрај тоа е една чиста и еколошки здрава средина, располага и со огромни резерви на мермер, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали што претставува и еден иден потенцијал на рударството, односно можен старт за еден нов профил и индустриски развој на општината.
Позначајни можности за инвестирање во Конче се:
- оранжериско производство и одгледување на јужни култури
- производство на еколошки здрава храна
- развој на алтернативен туризам: рурален, културен, археолошки, спортски, ловен и риболовен и еко туризам
- изградба на мали хидроцентрали и акумулации
- искористување на соларна енергија
- изградба на преработувачки капацитети за земјоделски производи
- градење и проширување на нови капацитети за искористување на рудното богатство
- развој на мали и средни капацитети за финални производи
ПОВОЛНОСТИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Водич за инвестирање во Р.Македонија -посете http://www.investirajvomakedonija.gov.mk/content.php?id=152 |