Насловна Контакт Мапа на сајтот English
 

3

АРХЕОЛОШКИ АРТЕФАКТИ

 


Превземени објавени  информации од Информативни агенции и телевизии
слика

 

 

 

 

Штип 16 ноември (МИА) - На археолошките локалитети во Конче откриени 130 керамички садови и предмети од бронза.
Еден месец по откривањето на ритуалната погребална кочија на локалитетот Габревци, во општина Конче, штипските археолози открија нови артефакти од раноримскиот период во Македонија.
На вчерашната прес-конференција раководителот на археолошката акција Трајче Нацев истакна дека во првата етапа од истражувањата откриени се 130 керамички садови и деформирани предмети од бронза.
-Се работи за некропола каде е извршено кремирање под голема температура, поради што материјалот од метал е деформиран, изјави  Нацев.
Локалитетите во близина на село Конче, се познати по повеќето могили кои датираат од првиот век од нашата ера, а дел од нив се од доцниот бронзен период. Во таканаречените тумули се откриени кремирани човечки остатоци.
- Тумулот и целиот движен археолошки материјал временски можеме да го сместиме во доцната бронза, односно од 1.400 до 1.200 година п.н.е. Ова е втор случај на ваков тип некропола, а прв од типот во кои е извршено тумуларно погребување, рече Нацев. 
Истражувањата на локалитетот Габревци и потесната околина ќе продолжат и во наредната година.


ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО КОНЧЕ
Откриена погребна кочија од првиот век

сликаСкопје 20 септември 2008 (МИМ)
Во близина на селото Конче е откриена шестата ритуално погребна кочија. Археолозите од Штип и од Струмица случајно ја откриле кочијата, која според првичните проценки, потекнува од првиот или вториот век на нашата ера.

Археологот од Заводот за заштита и Музеј Штип Трајче Нацев вели дека таа е најзачувана ритуално погребна кочија во Македонија.

- Иако станува збор за четвороколка, се додека не завршат ископувањата не може да се потврди дали могилата била гробница на великодостојник, изјави Нацев и додаде дека новооткриената кочија во Конче е од понов датум од погребната кочија пронајдена во Делчево, која се наоѓа на конзервација.

Археолозите од заводите за заштита и музеите на Штип и Струмица во моментов работат на археолошкиот локалитет Манастириште кај селото Конче. Ова е прво археолошко истражување во Конче, а кочијата е меѓу поголемите археолошки откритија.

Откриени чевли од 2 век
слика
Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата во Конче се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани

Два чифта женски кожени чевли од римско време открија археолозите завчера истражувајќи гробница на археолошкиот локалитет Грајнов Дол, оддалечен два-три километри од селото Конче во истоимената општина. Археолозите од штипскиот Завод и музеј и нивните колеги од другите градови, што учествуваат во истражувањето, велат дека гробницата, според првичниот увид, најверојатно потекнува од 2 век. Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани. Научниците пронајдоа и тоалетно ковчеже, обвиткано со бронзено синџирче, во кое има три мали шишиња. Археолозите претпоставуваат дека во гробницата била погребана жена, најверојатно тогашна великодостојничка.

- Откриените садови од дрво од овој период се најверојатно први во Македонија, можеби и на Балканот. Дрвото е органски материјал и тешко опстојува подолг период. Ете, имавме среќа. Ретки се и чевлите кои се вонредно убаво изработени, со повеќе декорации и за тоа време со многу високо технологија. Веројатно биле многу модерни и скапи. Колку што знам, од овој период во земјава досега се пронајдени само еден чифт обувки и тоа сандали, при ископувањето на западната некропола на Стоби во 1992 година - изјави раководителот на проектот, Трајче Нацев, археолог од штипскиот Завод и музеј.

Лани во подножјето на истиот локалитет беше откриена вредна ритуална погребна кочија. Годинава археолозите продолжија да го истражуваат наоѓалиштето. Ископувањата почнаа пред еден и пол месец. По ископани повеќе од 900 кубни метри земја, археолозите завчера стигнаа до вредното откритие. Станува збор за
специфична катна гробница со ѕидана основа од непечени тули.
- Копавме 45 дена и почнавме да губиме надеж. Сосема на крајот наидовме на овој вистински мал археолошки бисер. Секој археолог би посакал ваков наод барем еднаш во својот живот. Содржината на гробницата ги надмина сите наши очекувања - рече струмичкиот археолог Ване П. Секулов.
Археолозите завчера попладне почнаа да ги вадат вредните предмети од гробницата. Тие се предадени на конзервација. Истражувачите вчера ги вадеа и коските на покојничката, кои ќе бидат однесени на антрополошка анализа. Теренот на археолошкиот локалитет кај Конче деноноќно е обезбедуван.
- Ова е значајно археолошко откритие од 2 век, со многу ексклузивни наоди. Затоа и ние сме многу често присутни овде, уште од ланското ископување на ритуалната кочија. Во соработка со МВР ги презедовме сите безбедносни мерки за заштита на локалитетот - истакна археологот Звонимир Николовски, инспектор за заштита во Управата за заштита на културното наследство. Љупчо Шатевски

Пронајдени дрвени садови, два чифта кожени обувки во гробница на локалитетот „Гајнов дол“

Четврток, 19 ноември 2009 14:25 Викторија Димитрова - Јованова
grobnica-konce-m

 

 

 

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип на локалитетот Гајнов дол во општина Конче открија гробница од 2 век, рано римски период. Раководителот на археолошката акција Трајче Нацев изјави дека станува збор за ексклузивно откритие на територијата на Македонија и воопшто, бидејќи за првпат се откриваат три дрвени сада во ваква гробница и кожни обувки со прекрасна декорација.
„Дрвениот сад и двата чифта обувки се стари 18 век, значи станува збор за големо откритие и едноставно за бисер во археологијата“, рече Нацев.
Тој додава дека антополошките анализи ќе покажат дали во гробницата бил погребан црковен или воен великодостојник или негова сопруга.
Покрај единствените наоди откриени се и бронзени садови, голем број на монети и ланче од бронза, кое било обвиткано не само околу стаклениот сад за солзи, туку и околу дрвените садови.
Откривањето на етажната гробница е по откривањето на ритуалната погребална кочија во нејзина непосредна близина и затоа овој локалитет бил обезбедуван постојано во соработка помеѓу министерствата за култура и внтарешни работи.
Нацев додава дека во понатамошните истражувања на гробницата очекуваат да пронајдат и книга или дрвена кутија.
„Овие истражувања траат веќе 45 дена, а ќе завршат до крајот на месецот, сите археолошки наоди ќе бидат конезрвирани и однесеви или во лабораторијата на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип или во Музеј на Македонија“, рече Нацев.
Археолошките истражувања и вадењето на екслузивните предмети од гробницата беа надгледувани од претставници од министерството за култура.

На археолошките локалитети во Конче откриени 130 керамички садови и предмети од бронза

слика

 

 

 

 

 

Штип 15 ноември (МИА) - Еден месец по откривањето на ритуалната погребална кочија на локалитетот Габревци, во општина Конче, штипските археолози открија нови артефакти од раноримскиот период во Македонија.
На денешната прес-конференција раководителот на археолошката акција Трајче Нацев истакна дека во првата етапа од истражувањата откриени се 130 керамички садови и деформирани предмети од бронза.
- Се работи за некропола каде е извршено кремирање под голема температура, поради што материјалот од метал е деформиран, изјави Нацев.
Локалитетите во близина на село Конче, се познати по повеќето могили кои датираат од првиот век од нашата ера, а дел од нив се од доцниот бронзен период. Во таканаречените тумули се откриени кремирани човечки остатоци.
- Тумулот и целиот движен археолошки материјал временски можеме да го сместиме во доцната бронза, односно од 1.400 до 1.200 година п.н.е. Ова е втор случај на ваков тип некропола, а прв од типот во кои е извршено тумуларно погребување, рече Нацев.
Истражувањата на локалитетот Габревци и потесната околина ќе продолжат и во наредната година.

 

 

 

 

Дали сте задоволни од услугите на Општината
ДА
НЕ
  

prasaj go gradonacalnikot

investiraj vo Konce

javni nabavki

sloboden pristap do informacii

Copyright 2010© Општина Конче, сите права се задржани