Насловна Контакт Мапа на сајтот English
 

sloboden pristap do informacii

EditRegi
СОВЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

Согласно член 11 од Статутот на општина Конче,  Советот на општината ги врши следните работи:

  1. Донесува Статут на општината;
  2. Донесува Деловодник на Советот;
  3. Донесува Програма за работа;
  4. Донесува Буџет на општината  и годишна сметка на oпштината;
  5. Ја утврдува висината на стапките на даноците  и висната на надоместоците и таксите;
  6. Донесува Генерален  урбанистички план;
  7. Донесува Детални урбанистички планови и урбанистичка документација за населено место во општината;
  8. Донесува програма за уредување на градежно земјиште;
  9. Донесува програма за одржување на сообраќајна сигнализација;
  10. Донесува одлуки за регулирање на режимот на сообраќајот;
  11. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност  со националната програма;
  12. Донесува програма за јавно осветлување;
  13. Донесува програма  за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
  14. Донесува програма за одржување на јавна чистота;
  15. Донесува програма  за одржување и користење на паркови и други  јавни површини од локално значење;
  16.  Донесува програма за одржување на гробишта;
  17. Донесува програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;
  18. Донесува одлука за јавна чистота;
  19. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот  и  пригратскиот  сообраќај;
  20.  Донесува  Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
  21. Донесува одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;
  22. Го уредува начинот на чистење на оџаците;
  23. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење;
  24. Определува имиња  на улици, плоштади, мостови,  и други инфраструктурни објекти од локално значење ;
  25. Ја утврдува  организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
  26. Основа јавни служби  и врши надзор  над нивната работа;
  27. Именува  членови  во управни одбори на јавните служби , кои ги  основа;
  28. Усвојува програми за работа и финансисски планови за финансирање на јавни служби  кои ги основала;
  29. Одлучува  за давање на дозвола за вршење на дејност од јавен интерес  од локлно значење, во согласност со Закон;
  30. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки  на јавните служби кои ги основала;
  31. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  32. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината , во согласност со Закон;
  33. Го избира лицето кое раководи  со подрачната единица за внатрешни работи во општината  во согласност со Закон;
  34. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност  на подрачјето на општината ,кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот правобранител:
  35. Може да дава препораки  на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи  од областа на јавната безбедност во сообраќајот;
  36. Избира и разрешува Претседател на Советот;
  37.  Формира постојани и повремени комисии;
  38. Врши одделни овалстувања  во согласност со Закон врз добрата од општа употреба  и врз природните богаства на подрачјето на општината;
  39. Востановува општински признанија и награди;
  40. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;
  41. Врши други именувања од своја надлежност;
  42. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;
  43. Врши и други работи.   

Членови на Советот на општина Конче  2009- 2013

  1. Стојче Коцев – Претседател на Совет на општина Конче, с.Дедино
  2. Зоран Јованов-член на Советот на општина Конче, с.Љубница
  3. Живко Стојанов-член на Советот на општина Конче, с.Дедино
  4. Зоранчо Илиевски-член на советот на општина Конче, с.Габревци
  5. Бекир Реџепов- член на Советот на општина Конче, с.Конче
  6. Зија Саидов-член на Советот на општина Конче, с.Конче
  7. Марјанчо Ристов-член на Советот на општина Конче, с.Конче
  8. Јонче Здравев-член на Советот на општина Конче, с.Долни Липовиќ
  9. Јонче Горѓиев-член на Советот на општина Конче, с.Дедино

Контакт:
Тел:032 630 325 факс 032 630 327 е маил:sovet@konce.gov.mk

on3

 

 

prasaj go gradonacalnikot

a

investiraj vo Konce

javni nabavki

Copyright 2010© Општина Конче, сите права се задржани